|

(видео) Со „Жените во блузот“ – Crossroad Blues Band Reloaded, утревечер ја отвора 4. сезона „Од 0 до КултурА“.

На 18 јуни, со почеток во 20 часот, на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, публиката ќе има можност да ужива во музичко патување низ историјата на блузот, посветено на големите женски имиња кои оставиле траен белег во овој жанр.

Вокалистките Александра Трајческа и Викторија Георгиоска, заедно со членовите на Crossroad Blues Band Reloaded, ќе изведат безвременски блуз класици, но и дел од поновиот материјал на бендот.

Crossroad Blues Band е основан во Прилеп во 1997 година од Александар Дворчанец – Сале и Бранко Нешкоски – Бане. Во изминатите децении бендот настапуваше низ Македонија и регионот, сними три студиски албуми и стана еден од препознатливите македонски блуз состави.

По смртта на фронтменот Александар Дворчанец во 2018 година, бендот продолжи да создава и настапува, а во последните години сними нови песни и видеоспотови, меѓу кои „Дојди си дома“ и „Мораше баш сега“, која за кратко време забележа повеќе од 100.000 прегледи на социјалните мрежи.

Сегашната постава ја сочинуваат Давид Нешкоски (вокал и гитара), Бранко Нешкоски (гитара), Зоран Настески (тапани), Љупчо Шилоски (бас), Александра Трајческа и Викторија Георгиоска (вокали).

Со овој концерт започнува новата сезона на „Од 0 до КултурА“, проект кој и годинава ќе донесе повеќе музички и културни содржини за прилепската публика.

Слични Објави