„Работете по закон, ве молиме“ – Oпштините се должни на нивните веб страни да објавуваат и Буџет
Согласно ЗАКОНОТ за Слободен пристап до информации од јавен карактер, Oпштините се должни на нивните веб страни да објавуваат – Годишен Буџет и Завршна сметка.
Погледнете го видеото, Наша граѓанска обрска е да ги потестуваме општините кои се нивни законски обврски.
Транспарентноста во новиот Закон за буџети (2021), наложува општините да ги објавуваат транспарентно на своите веб страници:
– Одобрените финансиски планови;
– Кварталните извештаи за извршување;
– Годишните финансиски извештаи;
– Организациската структура на сите буџетски корисници и други јавни субјекти во рамките на нивната надлежност, заедно со врските/линковите на нивните веб-страници;
-Регистрите на сите договори за концесии и јавни-приватни партнерства.