|

Новогодишна забава со Дедо Мраз и театарската претстава „Желбаркото“

Во четврток, 26 декември 2024 година, жителите на општина Могила ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија за сите генерации.

Забавата, организирана пред општинската зграда во општина Могила, започнува во 11:00 часот и нуди програма за децата и возрасните.

Агенда на настанот:

  • 11:00 часот: Пристигнување и делење новогодишни пакетчиња.
  • 11:00–11:30 часот: Фотографирање со Дедо Мраз и украсената елка.
  • 11:30–12:00 часот: Новогодишен панаѓур подготвен од учениците на трите основни училишта.
  • 12:00 часот: Театарска претстава за деца „Желбаркото“.

Локација: Пред општинската зграда, Могила
Датум и време: 26 декември 2024 (четврток), со почеток во 11:00 часот

„Ве поканувам сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата што ни доаѓа.“ стои во ФБ поканата од Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила

Овој празничен настан е совршена можност сите да се соберат, да се забавуваат и заедно да ја испратат старата година, посакувајќи среќа, здравје и успех во Новата година.

Настанот е во организација на општината.

Слични Објави