| | |

МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ НА ЕВРОПСКИОТ МУЗИЧКИ ВРВ

Струмица, но и цела Македонија доби уште една причина за радост. Младата пејачка Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, со што се запиша меѓу најуспешните млади вокали на континентот.



Со својот моќен вокал, сигурен сценски настап и впечатлива емоционална интерпретација, Русева успеа да се издвои во силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји. Нејзиниот настап беше високо оценет и од стручната жири-комисија и од публиката.

Овој успех претставува значајно меѓународно признание за младата струмичанка, но и уште една потврда дека Струмица изнедрува таленти со европски квалитет и сериозен потенцијал на музичката сцена.

Голем успех и заслужени честитки за Тина Русева.

Слични Објави