„Спас за Прилеп“ реагира: Бехтел и Енка со полициска придружба се вратија кај Оревоец и Плетвар
Граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ преку својата Фејсбук страница реагираше откако граѓани забележале дека механизацијата на Бехтел и Енка повторно пристигнала во близина на селата Оревоец и Плетвар, овој пат со полициска придружба.
Од иницијативата велат дека присуството на полицијата предизвикало револт кај жителите кои и понатаму се спротивставуваат на најавените активности поврзани со трасата на автопатот.
„Наместо да се слушне гласот на локалното население, властите повторно се обидуваат со притисок да протуркаат проект кој директно ги загрозува нашите села, имот и животна средина,“ стои во реакцијата на „Спас за Прилеп“.



