ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР СО НОВА ПРЕМИЕРА „УЧЕНИКОТ“
Во театарот „Војдан Черндорински“ денес ќе се одигра третата и последна премира за 2024 година. „УЧЕНИКОТ“ е направена според текстот „Маченик“ на Мариус фон Маербург во режија на Кирил Петрески кој е и драматург на претставата.
Сите ние во ова време се соочуваме со предизвиците и опасностите од разни ектремности, политички, религиозни или економски. Во драмскиот текст еден млад човек се среќава со сите тие презизвици и прашање е како тој се соочува и се бори со нив, рече Режисерот Кирил Петрески на вчерашната пресконференција.
Актерот Зоран Иваноски, го искажа своето задоволство што дел од екипата се младите и талентирани студенти од ФДУ и што во многу краток период успеале да постигнат многу.
Стидентот Димитар Паскоски, посочува дека претставата е интересна и со многу енергија.
Играат: Зоран Иваноски, Марија Спиркоска Илијеска, Александар Тодески и младите
Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ.
Сценографија и плакат – Владо Ѓорески,
костими – Александар Џинго,
музика – Серафим Чернит.