РЕЦИТАТОРИТЕ ОД ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ХУМАНИ
На 26.12.2024 година, со почеток во 19 часот, во Кафетерија (Кафе Ин), СОУ ГИМНАЗИЈА „Мирче Ацев“ ја приредува традиционалната ПОЕТСКА ВЕЧЕР со хуманитарен карактер. Оваа година поетската вечер се одржува по петнаеесетти јубилеен пат и е посветена на творештвото и постоењето на современите македонски поети современици од нашето живеење, какви што се: Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Марко Виденковиќ, Јована Стаматовска и други. Гимназијалците преку интерпретација на современа поезија ве водат низ лавиринтот наречен живот, низ сите падови и вивнувања на човекот, за социјалните неправди, па преку љубовта како смисла на постоењето ќе ја изразат надежта како добродетел на човекот. Рецитациите на учениците ќе бидат надополнети со звуците на убавата музика која ќе ја интерпретираат талентираните гимназијалци.
Со рецитации ќе настапат учениците: Евгенија Димитриоска, Лаура Кајџаноска, Андреј Вршкоски, Ана Цветаноска, Софија Ристеска, Искра Спиркоска, Матеј Филипоски, Софија Оџаклиеска, Стојче Бозоски, Кристијан Илиоски, Матеја Илијеска, Леонид Гешоски, Илин Ристески, Михаела Андриеска, Софија Димитриеска, Марија Апостолоска, Симона Тасеска, Ана Јованоска и Сара Пројческа, под менторство на професорите по Македонски јазик и литература: Дарко Ристески и Филип Ристески.
Со свои музички настапи ќе се претстават учениците: Софија Настоска, Ана Цветаноска, Сергеј Стевананџија, под менторство на професорката по Музичка уметност Татјана Иваноска.