МЕМЕНТО ЗА ПЛАТНАР – РОДЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН
На 5 март 1949 година во Прилеп, роден е македонскиот поет, писател, драматург и колумнист Благоја Ристески Платнар.
Платнар остава траен белег во македонското книжевно творештво, особено заради истражувањето во сферата на богатството на македонскиот јазик и ставањето на архизмите во современ контекст. Препознатлив е по стихуваната форма на неговите драмски текстови.
Негови драмски текстови се псотавувани на сцените на македонските театри, а последно во 2023 година велешкиот театар „Јордан Хациконстантинов-Џинот“ на сцена ја постави драмата „Лепа Ангелина“ во режија на Љупчо Ѓеорѓиевски. Драмскиот текст „Делириум тременс“ беше сценски поставен од „Работилница за театар“ во режија на прилепскиот актер и режисер Игор Трпчески.
Благоја Крстески Платнар, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а познат е по дрмаските дела „Спиро Црне“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“, „Венко“ и др.
Двапати е наградуван за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан чернодрински“-Прилеп. Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.
КРСТЕ: (На Спиро кој во меѓувреме е излезен.) Виде, Спиро, како стана, како сето однопаку се преврти…Спиро…кај си Спиро…Спиридоне!
СПИРО: (Доаѓа со летање.) Горе, Крсте, вишно небо. Летнав да ве викнам Горна земја, таму каде само за вас има место! Ајде пилци и копилци, пролетајте, што чекате! Ајде мое птичјо племе, мој роде и народе, излетајте! Што има долу што ве држи приковани: Глиб гнасен и калиште, тешки рани од ползење. Ајде, Крсте, ајде кардаш, време е за летање, летнување, друго време и немаме, ние луѓе-пилци. Сè е горе, сè нагоре вашите души нека првнат, одлетаа кон небото, до ѕвездите…
(„Летни Силјане“)


