Најдолгата вечер на 59.МТФ: „Бура“ и „Парови“ – Прилепски и Драмски

Ни претстои најдолгата вечер на овогодинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Од 19.00 часот, на големата сцената при НУЦК „Марко Цепенјков“ – Прилеп, Драмски Театар – Скопје ќе ја одигра претставата „Парови“ од авторката Ана Ристоска – Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска.

Улоги: Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Јасмина Василева, Трајанка Илиева Велиќ, Димитрија Доксевски,СтефанВујисиќ,ИванаПавлаковиќ, Лазар Христов Ања Митиќ и Нина Елзесер

Сценографија е на Костантин Трпеноски, коостимите ги изработија Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев. Музички соработник – Ади Имери.

Во 22.30 часот на истата сцена се домаќините НТ„Војдан Чернодрински“- Прилеп, со претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел.

Играат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска – Клинческа и Ана Митоска

Драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата, костимите, светлото и автор на плакатот е Благој Мицевски, а музиката е на Томе Темелкоски.

Во кафе „Тротоар“, 20 часот „Ла Макбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ − Скопје

Слични Објави