Трагичен крај на потрагата по Коле Петрески
Потрагата по 52-годишниот Коле Петрески од Прилеп, за жал, заврши со трагичен исход. Неговото тело попладнево е пронајдено, потврдија негови блиски преку социјалните мрежи.
Петрески беше пријавен за исчезнат денеска, откако последен пат бил забележан вчера наутро, околу 08:00 часот.
Засега не се познати причините за смртта. Надлежните институции работат на утврдување на околностите под кои настанал трагичниот настан.