|

Прилеп започнува соработка со универзитетската болница Медипол Мега од Турција

Во Општина Прилеп денес се одржа средба со господинот Кадир Оз, претставник на Медипол Мега, најголемата универзитетска болница во Истанбул, Турција. На средбата присуствуваа преставници од Општина Прилеп, претседателката на Советот на општина Прилеп, директорот на прилепската болница, како и претставничка од Здружението на медицински сестри.

Целта на средбата беше да се постават темели за идната соработка во областа на здравството и едукацијата. Во рамките на овој процес, беше иницирано потпишување на меморандум за соработка, кој ќе овозможи:

  • Едукација и усовршување на медицинскиот персонал од Општата болница во Прилеп, каде докторите и медицинските сестри ќе имаат можност за стручни обуки и размена на знаења со експерти од Медипол Мега.
  • Меѓународна пракса за ученици: Ученици од Медицинското училиште и лабораториски техничари од хемиското училиште ќе имаат можност да посетуваат едномесечна летна пракса во болницата во Истанбул.
  • Донација на медицинска опрема: Медипол Мега ќе обезбеди медицинска опрема за подобрување на условите и услугите во прилепската болница.
  • Опремување на медицински кабинети во средните училишта, што ќе создаде современи услови за практична настава за учениците.

Ова партнерство ќе има значајно влијание на подигнувањето на квалитетот на здравствената грижа во Прилеп и на создавање подобри услови за образование и професионален развој на младите медицински кадри.

Слични Објави