|

Претпазливост покрај реките и суводолите!

Врнежите од дожд кои ја зафатија земјата се очекува да продолжат во текот на денешниот ден. Локално поголеми количини на дожд се очекуваат во јужните, југоисточните, централните делови, во делови од северните предели, како и во делови од Повардарието. Можно е локално зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците во Гевгелиско-Валандовската котлина, во Демиркапискиот регион, во Кавадаречко-Неготинскиот регион и во Струмичкиот регион. Исто така, поради најавени врнежи во централните делови на земјата, можни се локални зголемувања на водостоите на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава, како и во крајните северни делови, односно во Кумановскиот регион. Иако се очекуваат послаби врнежи, локално се можни појави на заезерувања во долниот дел од сливот на река Црна. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Слични Објави