Учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ ја освоија публиката“
На 16 и 17 декември, во киното „Мис Стон“ беа одиграни две хуманитарни претстави пред преполна сала. Учениците од драмската секција на училиштето од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ ја изведоа претставата „Диво месо“, дело кое ја истакнува важноста на семејството и домот. Нивната посветеност, труд и љубов кон театарската уметност ја разбудија публиката, оставајќи силен впечаток со аплаузи, емоции и солзи.
Со оваа иницијатива, учениците уште еднаш докажаа дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени, спојувајќи ја уметноста со хуманоста.
„Горди сме на нашите ученици, кои не само што покажаа извонредна сценска игра, туку и испратија важни пораки за човечноста која сè уште живее во нас,“ изјави раководството на училиштето.
Овој настан ја потврдува моќта на уметноста да инспирира и обединува, оставајќи пример за сите нас да ја негуваме човечноста и љубовта кон животот.