(видео) The Hounds x Cyrillic – Dream Of Me ft. Marija Bunda – Некои гласови остануваат и кога ќе замолчат
Во „Розовиот октомври“, месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, се потсетуваме на Марија Бунда Калпак. Младата докторка која отворено зборуваше за својата борба со болеста и сакаше нејзиното искуство да ги охрабри жените да се грижат за своето здравје и да реагираат навреме.
Марија повеќе не е меѓу нас, но нејзината приказна, нејзината порака и нејзиниот глас продолжуваат да живеат.
„Dream Of Me“ е песна на The Hounds, со Cyrillic како продуцент и аранжер, и Марија Бунда како вокал.
Да ја слушнеме повторно. Во нејзин спомен, но и како потсетник дека превенцијата и раното откривање можат да спасат живот.
Проверете се. Заради себе и заради оние што ве сакаат.


