|

Поставена изложба на хартиени графички икони од 17 – 19 век од збирката на НУ Завод и музеј Прилеп

Во НУ Завод и музеј Струмица на 20.04.2023 е поставена изложбата на хартиени графички икони од 17 – 19 век од збирката на НУ Завод и музеј Прилеп

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Авторот на изложбата Мимоза Христоска, виш кустос немаше причини да не го истакне задоволството од обновената пред се, пријателска релација со струмичките колеги и покажаниот интерес за овие раритетни дела на Свето Горското творештво.

Директорот Горан Цветкоски, обраќајќи се пред љубопитните посетители ја искажа надежта дека овој чин е плод на колегијалната синергија и професионалните заложби на директорт на Стурмичкиот Завод и музеј.

За да се задоволат сетилата и да се долови контекстот на Прилеп во 19 век изложбата е пропратена со популарна дигитална презентација „…За времето кога во една глава се имаа два марифети: занаетот и уката“.

Непроценливата вредност на ова наше културно историско наследство е илустрирано со уште една дигитална презентација „ итинерар на Графичките икони Прилеп виа Струмица“.

Графиката се смета за најмлада ликовна дисциплина, но истовремено е и најпопуларна и најшироко распространета. Техниката е заснована на механичко умножување на цртеж што е издлабена во дрвена или метална плоча. Овие книжни икони се пронајдени во кровните конструкции на црквите Св.Димитрија – Варош и Св.Благовештение во Прилеп. Најголем број од нив потекнуваат од Света Гора, но не се исклучува ни фактот дека помал број од нив се изработени во Венеција и Виена.

Со желба да ви пренесиме дел од пријатната атмосфера ги споделуваме следниве

Видео и Фотографии од отворањето

Дигитални презентации
Итинерар на графичките икони Прилеп виа Струмица
Дигитална презентација „…За времето кога во една глава се имаа два марифети: занаетот и уката“

Слични Објави