Понеделник 18 ноември, претстава 8%
Понеделник 18 ноември со почеток во 19.00 часот во салата на Општина Новаци – приземје ќе се одржи професионална театарска претстава 8% – документарен вербатим театар на тема дискриминација.
Целта на претставата е поттикнување на емпатија, солидарност и охрабрување на сите кои можат да ги препознаат знаците на дискриминација и насилство. Поттикнување на градење хуманистички театар и социјална кохезија, со цел дека сите сме еднакви во општеството во 21 век.
Автор и режија Јован Ристовски, играат: Марија Стефановска, Наталија Ристеска, Никола Пројчевски, Соња Михајлова и Пеатар Горко.
Претставата е наменета за публика над 13 години.
Претставата ја организира АТО – Центарот за Современа Уметност и Култура – Битола.
Влезот е бесплатен.