| |

Кривогаштани се приклучи кон кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство

Општина Кривогаштани се приклучи кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Настанот беше организиран од ЛАГ Агро Лидер.

Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Македонија се одбележува од 2014 година и има цел да  ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, а се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

На настанот се обратија претседателот на советот на општина Кривогаштани Горан Новакоски, кординаторот на комисијата за еднакви можности Дејан Киселоски, претставници од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп, Полициска станица Кривогаштани, координатор на ЛАГ Агро Лидер Марина Тошеска и координаторот на АГТИС Благица Цветкоска.

Заеднички заклучок од говорниците и од присутните беше дека треба во текот на целата година да се организираат вакви настани не само во текот на овие 16 дена. Мора да се ОБЕДИНИМЕ, како што е и мотото на овогодинешната кампања, сите заедно општините, институциите, невладините организации да работиме на едукација за да се подигне општествената свест и да се даде придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.

„Ги повикуваме сите да направат сè што е во нивна моќ за да стават крај на семејното насилство, на сексуалното вознемирување, интернет насилсвото и на сите форми на насилството врз жените и девојчињата. Насилството врз жените е извор на страдање за сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството.“

Слични Објави