Покана за 5та форумска сесија
Општина Ресен ја организира петтата форумска (последователна форумска) сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ кој го спроведуваат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и партнерските општини. Во рамките на овој проект, заврши процесот на организирање Форумски сесии во заедницата, кои имаа за цел да ја вклучат локалната заедница во процесите на одлучување и развој.
Како последен чекор од овој процес, Општина Ресен ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на петата форумска сесија, која ќе се одржи на 16 декември 2024 година со почеток во 12:00 часот во Големата сала на општинската зграда. На оваа сесија, учесниците ќе имаат можност да ја разгледаат и да се информираат за резултатите од имплементираните активности на проектот, како и за успешната реализација на грантовата шема која беше избрана, предложена и одобрена од самите учесници.
По завршувањето на форумската сесија, планирана е и посета на локацијата каде што е спроведен проектот, што ќе овозможи директен увид во резултатите на имплементираниот проект.
Општина Ресен изразува благодарност до сите учесници за нивната активност и ангажман во текот на форумските сесии, кои значително придонесоа за успешната реализација на проектот и за донесувањето на важни одлуки за локалната заедница. А воедно ги поканува сите заинтересирани жители да присусвуваат на настанот.