„Поетско Маркукуле 2025“ со повеќе од 200 учесници

Дружба на поетите од Македонија и Балканот ја обележа традиционалната поетска манифестација „Поетско Маркукуле 2025“, што се одржа вчера на големата сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Во настанот учествуваа повеќе од 200 поети од сите возрасти и поетски стилови од земјава и регионот, што ја претставува најмасовната поетска манифестација во Македонија.



Манифестацијата, која траеше два и пол часа, понуди богат колаж од поезија на учесниците. Публиката уживаше во можноста одблиску да ги запознае авторите и нивната инспирација, а атмосферата беше исполнета со емоции, аплаузи и искрени пријателства.

„Поетско Маркукуле“ уште еднаш потврди дека претставува значајна поетска точка во Македонија, обединувајќи творци од различни земји во име на уметноста, заедништвото и духовното збогатување на градот и регионот.

Настанот е оранизиран од „Клуб на литературни творци“ – Прилеп

Слични Објави