Фрлање на Светиот Крст за Водици во водите на Аквапарк „Салида“

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, се известуваат граѓаните и верниците дека на 19 јануари (понеделник) ќе се одржи традиционалниот Богојавленски водосвет и фрлање на Светиот Крст.



Свечениот чин ќе се изврши во водите на базенот при хотелот „Салида“ (Аквапарк), со почеток во 12:00 часот, во присуство на свештенството, верниците и граѓаните.

Пријавувањето за учество во фаќањето на Светиот Крст ќе се врши во Општина Прилеп – приемно одделение, каде заинтересираните лица задолжително треба да приложат копија од лична карта. Пријавите ќе се примаат на 12, 13 и 14 јануари (понеделник, вторник и среда), во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Слични Објави