По барање на жителите се асфалтира патот кон Буково
Жителите на селото Буково добиваат посигурна и проширена сообраќајна врска со Битола. По нивно барање, започна асфалтирањето на првата делница од проектот за доградба и проширување на локалниот пат кон селото.
Првата фаза опфаќа асфалтирање на делница долга 600 метри, како прв слој на десниот дел од коловозот. Претходно беа стабилизирани банкините и поставени префабрикувани бетонски каналети за одводнување, што ќе овозможи поголема трајност и квалитет на патот.
Патот е проширен симетрично од двете страни по еден метар, со што вкупната ширина достигнува 5,5 метри. Со тоа се овозможува побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, особено важен за секојдневните потреби на жителите.
Инвестицијата, вредна 19.690.365 денари, ја реализира компанијата „Зимак Стретен“ ДООЕЛ Битола.



