Бесплатен превоз до ски-центрите на Баба Планина



Општина Битола и ЈП „Пелалинк“ и оваа зима, за време на зимскиот распуст, ќе обезбедат бесплатен превоз до ски-центрите на Баба Планина за учениците и за сите граѓани.

На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината.

Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

Слични Објави