Осветување на Светиот крст во Долно Српци
Денес се изврши осветување на Светиот крст во село Долно Српци во присуство на Неговото Преосвештенство Епископот Велички Господин Никола и свештени лица кои се во служба на Преспанско-Пелагониската епархија.
Од Буџетот на Општина Могилa одвоени се средства, за осветлувањето на Крстот, изградба на пристапни патеки и осветлувањето на патот до Крстот. Изработката ја изврши ФОД-РЕК Битола.
Најголема заслуга има месното население и Црковниот одбор од село Долно Српци.
“Да си ја почитуваме верата, таа ќе не води напред кон здравје и успеси! Нека се множат вакви денови во љубов и заедништво!“ стои во пораката од Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила .