Од нас зависи колку ќе се гржиме
Пред еден месец завршија активностите и беше отворено „Инклузивно детско игралиште“. Место каде може да уживаат сите децата а посебна радост за дечињата со поинакви и специјални потреби.
Паркот го посетивме вчера во вечерните часови, прекрасна гледка, осветлено, чисто со поставени корпи за селекција на одпад, место каде може да уживаат прилепчани, а посебна радост за децата во делот „Детски забавен парк“, во кој е поставена и табла со „Правила за користење на игралиштето“.
Од нас зависи дали ќе го чуваме и негуваме тоа што е наше, кое е изградено за сите нас дали од општински средста дали со донација.
„Инклузивно детско игралиште“ е изградено како идеја произлезена од „Форумите на заедницата“. „Инклузивно детско игралиште“ – чини 700.000 денари, од кои 28% се општински пари, а другите 72% од парите се од донаторите, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиски е поддржан од Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а екофинансиран и се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.