Како да го разбудиме заспаниот џин
Велат „пред вистината и боговите молчат“. Но, која е вистината? Кој ќе каже и докаже?
Ништо не е идеално, но најблизу до вистината е науката, која не е пристрасна. Универзитетите треба да бидат вклучени во работата на општините и да асистираат за секое планирање, во кое се бараат точни податоци. Универзитетите треба да си ја земат едукацијата на општинската администрација во свои раце и со тоа, граѓанското учество да го направат посилно, насочено и корисно.
Токму тоа ќе се дебатира на работилницата „Будење на заспаниот џин“, во петок на 9 – ти Јуни, каде граѓанските организации, УКЛО, градоначалниците и општинскиот кадар ќе дебатираат како да „го разбудат џинот“, односно Пелагонискиот регион, за да го смалиме одливот на нашите најмили и од регионот и од државата.
Интервју со Александар Цветкоски за МТВ