Прва координација за 2025 за подобар живот на граѓаните
Општина Битола ја започна новата 2025 година со прва координација, на која учествуваа градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, заедно со раководствата на јавните општински претпријатија и установи.
На состанокот се дискутираше за плановите и активностите кои ќе бидат приоритет во наредниот период, со акцент на исполнувањето на потребите и барањата на граѓаните. Преку координирани активности, општината и јавните претпријатија потврдија дека остануваат посветени на реализација на проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот во Битола.
Општина Битола заедно со јавните претпријатија и установите во надлежност на општината, продолжува посветено, со координирани активности да работи на реализација на најголемиот приоритет – потребите и барањата на граѓаните, се со цел поубава Битола за сите граѓани.
Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста на заедничката работа и комуникација меѓу сите институции, нагласувајќи дека само преку ефикасна соработка може да се постигнат зацртаните цели.