|

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради говор на омраза на социјални мрежи

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П. (38) и Т.П. (49) од Прилеп, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.



Според полицијата, на 17 ноември 2025 година, двајцата осомничени преку информативен портал на социјална мрежа објавиле содржина со која се повикува на омраза и нетрпеливост.

Од СВР Битола информираат дека објавата била пријавена, по што биле преземени соодветни мерки и активности, а против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и постапки за санкционирање на говорот на омраза и ширењето на содржини кои поттикнуваат дискриминација и нетрпеливост на интернет.

Слични Објави