| |

ООУ „Кочо Рацин“ со Ликовен Конкурс – по повод одбележувањето на 3ти Ноември

ООУ„Кочо Рацин“ – Прилеп, по повод 3ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп распишува Ликовен Конкурс на тема: „СО ЉУБОВ ЗА ПРИЛЕП“.

На овој конкурс можат да земат учество сите ученици од прво до деветто одделение од Основните Општински Училишта од Општина Прилеп.

Задолжително е творбите да бидат израборени на формат блок број 5, а техниката на израборка на творбите е по избор.

Одговорен наставник е Тони Чатлески, а ликовните творби во ООУ „Кочо Рацин“ ќе бидат доставени до 25.10. (Петок) 2024 година.

Од пристигнатите ликовни творби ќе биде поставена изложба во НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп во рамките на одбележување на празникот.

Слични Објави