ИЗБЕРИ ЗДРАВО, ЖИВЕЈ СИЛНО

Денес во дворот на OOY „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп по повод „Светскиот ден на храната“ се одржа есенски панаѓур за здрава храна, на кој учествуваа ученици од сите одделенија, од прво до деветто одделение.

Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирање на природни и хранливи намирници.

Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.

Учениците заедно со своите родители подготвија разновидни видови на здрава храна, како овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како и природни џемови и печива од интегрално брашно.

Фото: Фејсбук ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп

Слични Објави