КОЈ Е НАДЛЕЖЕН? ЕПИЗОДА 2

СТОРИЈА НА НАШИОТ КОМЈУНИТИ РЕПОРТЕР – Р.О.

Утрото после кршењето на дрвото, службите веднаш реагираа и го отстранија. Ама, ние не би биле ние (Македонија), ако при тоа не направеа материјална штета. Иако природата нѐ поштеди од материјална штета, “професионалците” при отстранувањето на дрвото, ја скршиле клупата. Секако, веќе трет ден штетата не е поправена, а кој не знае за дрвото, нема идеја зошто и како клупата е скршена. Службите веројатно не се секираат, затоа што секој би помислил дека ова е дело на хулигани, а познавајќи го општеството во кое живееме, одговорните сигурно не се известени за причинетата штета при отстранувањето на дрвото. Всушност, дури и да знаат, веројатно чекаат пријава од граѓани, пред да започнат со санирање на штетата. Во спротивно, поправката веројатно би била неоснована и противзаконска, оти ние имаме многу такви закони – „налудничави“.

Слични Објави