|

Пуштени во употреба реконструираните спортски терени во населбата Точила

Во прилепската населба Точила денеска официјално беа пуштени во употреба целосно реконструираните мултифункционални спортски игралишта. Терени наменети за повеќе спортови, финансирани со поддршка од Министерството за спорт, од денес ќе им стојат на располагање на жителите од населбата, особено на младите.



Градоначалникот Дејан Проданоски изрази благодарност до министерот за спорт и Министерството за спорт за реализацијата на овој значаен проект:

„Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до министерот за спорт и Министерството за спорт затоа што еве во името и на транспарентноста и на она ветено – сторено сме тука на лице место…“

Тој упати апел до граѓаните за совесно користење и одржување на новоизградените спортски површини, нагласувајќи дека нивното зачувување е од заеднички интерес:

„Апелирам до сите жители, до сите корисници да внимаваме и да ги чуваме овие добра… навистина треба да се одржува и да се чува, затоа што ако ние сами не го одржуваме, по второ време би станало повторна руина…“

Градоначалникот додаде дека просторот претставува важно катче за развивање на спортскиот дух, оддалечување на младите од пороците и поттикнување на здрав раст и развој.

Свој коментар даде и министерот за спорт Борко Ристовски, кој истакна дека на ниво на држава досега биле реконструирани околу 30 вакви спортски терени, потенцирајќи ја важноста на спортот во изградба на здрава младина.

Слични Објави