Љубовна онлајн измама, 65-годишна жена му испратила илјадници евра на „сопруг“ што никогаш не го запознала



Жртва на интернет измама стана 65-годишна жена од Скопје, која пријавила во полиција дека преку социјална мрежа била измамена од лице кое ѝ ветило брак.

Како што соопшти МВР, на 16 јули 2025 година, жената пријавила во СВР Скопје дека во текот на мај започнала онлајн комуникација со машко лице, со кое се договарале да стапат во брак. Во рамки на таа комуникација, мажот ѝ побарал пари за да можат да се сретнат во Охрид, па таа му испратила вкупно 6.700 евра во три наврати преку брз трансфер на пари. Дополнително, подигнала и 3.000 евра кредит од банка.

Откако ветената средба не се случила, таа сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични Објави