Јавен повик за изработка на План за управување за Паркот на природата „Езерани“
Македонското еколошко друштво (МЕД), преку проектот „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“, објавува јавен повик за изработка на План за управување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“.
Заинтересираните субјекти треба да ја достават целата потребна документација по пошта или лично, во една од канцелариите на Македонското еколошко друштво:
- Скопје – ул. „Тодор Скаловски“ бр. 9А, 1000 Скопје
- Ресен – ул. „Гоце Делчев“ бр. 7, 7310 Ресен
Крајниот рок за доставување на документацијата е 3 септември 2025 година (среда), до 15:00 часот. Понудите треба да бидат со назнака „За јавен повик бр. 01/2025“ и забелешка „Да не се отвора пред датумот за евалуација на понудите“.
Документацијата за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација, е достапна на веб-страницата на МЕД: www.mes.org.mk.
Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат исклучиво во писмена форма, на е-пошта: zaec@mes.org.mk, најдоцна до 26 август 2025 година.
Целосната документација е достапна за преземање во ПДФ формат на следниот линк: [линк].



