|

Нови донации за болницата во Прилеп – Поддршка за здравјето на идните мајки и деца

Пред велигденските празници донации за Општа Болница со проширена дејност Борка Талески – Прилеп. Со донациите од Интеракт клуб Прилеп, подмладокот на Ротари клуб Прилеп и општествено одговорните компании Матадор 2002 и Бимфоод од Прилеп, Општа Болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп доби опрема која ќе обезбеди подобрени услови за здраствени услуги за идните мајки и новороденчиња.

Интеракт клуб Прилеп и подмладокот на Ротари клуб Прилеп донираа маси и столчиња за „Мајчината школа“ и заштитни прекривки за јоги за Одделението за гинекологија и акушерство. „Мајчината школа“ е клучна за идните мајки, бидејќи овде добиваат поддршка, знаење и охрабрување, што е од големо значење во текот на бременоста. Оваа донација ќе создаде попријатни и поудобни услови за подготовка за родителството и за учење на важни информации кои ќе помогнат во грижата за бремените жени.

Истовремено, општествено одговорните компании Матадор 2002 и Бимфоод од Прилеп донираа нов кардиотокограф, апарат кој ќе овозможи побрзо и поквалитетно следење на бременоста и бебешките отчукувања во клучните моменти од нивниот развој. Овој апарат е од огромно значење за сите бремени пациентки, бидејќи овозможува прецизно следење на здравјето на мајката и детето.

Поддршката од овие хумани организации има значителен ефект на здравствените услуги кои се нудат во Општа Болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, овозможувајќи поквалитетна грижа и поддршка за пациентките.

Слични Објави