Како да Направите Совршено Јагнешко Печење за Велигден
За Велигден традиционално се подготвува јагнешко месо. Ова традиционално јадење е основен елемент на семејните трпези за време на Велигден, а подготвката на јагнешко печење се пренесува од генерација на генерација, ако имате квалитетно месо, потребни ви се само неколку зачини за да добиете сочен оброк за празничната трпеза.
Потребни состојки:
- 3 кг јагнешко (плешка, бут со ребра)
- Сол по вкус (крупна)
- Сенф
- 100 мл мешавина од вода и бело вино
- 200 мл масло или помалку
- Зачини по желба
- Рузмарин
Постапка:
- Измијте го јагнешкото и посолете го. Засечете го на повеќе места, а со ножот избодете го на подебелите места и добро истријте за да може поубаво да ги прими зачините.
- Измешајте вино, вода, масло и рузмарин и ставете во огноотпорен сад каде ќе се пече месото.
- По желба, премачкајте го месото со малку сенф. Покријте го со алуминиумска фолија и печете на 200 степени. Можете да почнете на посилен оган, а потоа да намалите температурата.
- Повремено вадете го садот и полевајте го месото со течноста во која се пече, превртувајќи го за рамномерно да се пече.
- Кога месото е скоро готово, тргнете ја фолијата и оставете уште 15 минути за да фати убава златна коричка.
- Малку изладете го и сервирајте го со компири кои се испекле покрај месото.