|

Нова измама – 79-годишна жена загуби над 25.000 евра и франци

Во СВР Тетово е пријавен нов случај на измама извршена со таканаречената „лажна сообраќајка“.



На 21 август 2025 година, околу 14:40 часот, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од засега непознато лице за вкупна сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Според пријавата, лицето телефонски ѝ се претставило како лекар и ја убедило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки повреди, па биле потребни пари за итна операција. Жената, верувајќи во приказната, парите ги фрлила од својот балкон на друго лице кое дошло да ги подигне. Подоцна сфатила дека станува збор за измама.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и потсетува граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на вакви телефонски повици.

Фото; Фејсбук МВР

Слични Објави