Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст…
Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено.За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.
Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.
Изразуваме огромна благодарност до сите медицински работници, трансплантациските тимови и сите чинители кои посветено работат во процесите на трансплантација. Посебна почит им оддаваме на семејствата на донорите – нивната хуманост и човекољубие се најголемиот дар што може да се подари. Благодарение на нивната несебичност, се создаваат нови шанси за живот.