|

Нова донација за гинеколошкото одделение во Прилеп – Машина за перење и сушење од Интегра системи

Непосредно пред Новогодишните празници, одделението за гинекологија и акушерство во Прилеп доби донација од општествено одговорната компанија Интегра системи. Компанијата донираше машина за перење и сушење, која ќе биде од голема корист за подобрување на хигиенските услови и функционалноста на ова одделение.

Донираната опрема ќе овозможи побрзо и поефикасно извршување на секојдневните задачи, што ќе има директен позитивен ефект врз квалитетот на здравствената услуга која се нуди на пациентите.

Благодарност за хуманоста на компанијата Интегра системи и апел до сите компании кои се во можност да се вклучат во вакви донаторски акции, со цел подобрување на условите за работа и здравствена нега во Прилеп и пошироко.

Ви благодариме за хуманоста и ги поттикнуваме сите компании коишто се во можност да се вклучат во вакви донаторски акции! изјавија од JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп

Слични Објави