| |

НАЈМАЛИТЕ УМЕТНИЦИ ЌЕ ЦРТААТ ИЗЛОЗИ

Утре во 18 часто, во просториите на дневниот училишен центар „Генијални умови“ ќе се одржи „Промо час“ за цртанње на стакло. Невладината организација која официјално ја отвори училницата пред неколку денови, оваа работилница ја остварува под мотото „Да ја завршиме старата година со нов почеток“.

Одлична можност за сите дечиња кои што се љубители на цртањето, да учат една специфична техника која е особено корисна точно за новогодишните празници. Насекаде околу нас гледаме нацртани излози со новогодишни мотиви, за да го обојат сивото зимско секојдневние. Како се црта на стакло, дечињата ќе учат од Емилија Трајкоска која ги разубавува излозите во Прилеп и пошироко, веќе многу години.

Слични Објави