| |

Совршен старт на 2025: Прилепчани освоија 12 медали на турнир во Грција!

На 16 февруари 2025 во Аминдео, Грција, се одржа Меѓународниот турнир во џудо, каде што учество зедоа околу 500 натпреварувачи од 5 држави. Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп настапи со 12 натпреварувачи и оствари неверојатен успех – сите се вратија со медал!

Освоени се вкупно 3 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали, што го прави овој настап еден од најуспешните за клубот.

Стручниот тим на клубот е исклучително задоволен од прикажаните борби и резултатите, истакнувајќи дека овој успех е поттик за уште поголеми достигнувања. Тимот продолжува со интензивни подготовки за идните натпревари, како на домашната сцена, така и на меѓународно ниво.

Слични Објави