Четврта година по ред, Општина Новаци инвестира во дигитално образование

Учениците од четврто одделение во ОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци и оваа година добија таблети, кои ќе им помогнат во секојдневното совладување на наставните содржини. Оваа иницијатива, која се спроведува веќе четврта година по ред, има за цел да обезбеди поквалитетно и подостапно образование за најмладите.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, и Советот на општината се иницијатори на оваа мерка, која е дел од напорите за модернизација и дигитализација на образованието. Со овие уреди, учениците добиваат можност за полесно учење и активно вклучување во наставата, во согласност со новата концепција за основно образование.

„За нас, децата се на прво место. Сакаме да им овозможиме најдобри услови за учење, бидејќи токму тие се нашата иднина“, изјави градоначалникот Стевановски.

Општина Новаци останува посветена на унапредување на образованието и создавање подобри услови за учениците. Современото образование бара дигитални алатки, а токму ваквите иницијативи им овозможуваат на младите генерации подобра подготовка за идните предизвици.

Слични Објави