Битола добива подобрена инфраструктура: Асфалтирање на улицата кај „Лидл“ и „Блис“
Проектот за изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улицата во близина на Дулие, која го поврзува новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“, влегува во финалната фаза. Започна и асфалтирањето на оваа улица, што ќе го подобри сообраќајот и ќе создаде поволни услови за сите корисници.
Вкупната инвестиција на општината за овој проект изнесува 18.897.776 денари, а се очекува сите работи да бидат завршени оваа недела, ако дозволат временските услови. Овој проект е значаен чекор кон модернизацијата на инфраструктурата во Битола, кој ќе обезбеди побрз и побезбеден пристап до новите економски зони и ќе го поттикне натамошниот развој на градот.
Општина Битола продолжува со унапредување на инфраструктурните услови, кои се од големо значење за економскиот развој на градот, благосостојбата на неговите жители и привлекувањето нови инвестиции и посетители.