„Независни“ со остра реакција: Пропустот со гласачките ливчиња е кршење на Изборниот законик

Независната советничка листа „Независни – Град за нашите деца“ од Прилеп остро реагира на, како што велат, сериозниот пропуст при изведбата на гласачките ливчиња, на кои недостасувало логото на нивната листа.



„Овој пропуст не е техничка ситница, туку директно нарушување на изборниот процес и правото на граѓаните да гласаат информирано и фер“, стои во реакцијата.

Од листата посочуваат дека навремено и целосно ја доставиле графичката ознака (логото), согласно сите пропишани процедури на Државната изборна комисија, и дека целата одговорност за овој срамотен пропуст ја носат институциите задолжени за подготовка и печатење на гласачките ливчиња.

„Недозволиво е независните кандидати, кои не располагаат со ресурси како големите партии, да бидат доведени во нерамноправна положба поради немарност, нестручност или политички мотиви“, пишуваат на на нивата фејсбук страна

Тие бараат од Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија Прилеп да излезат со јавно извинување, детална проверка и утврдување на одговорност за, како што велат, „овој скандал“.

Во реакцијата се наведува и дека со пропустот е направено очигледно кршење на одредбите од Изборниот законик, и тоа на:

  • Член 77, кој пропишува дека гласачкото ливче мора да содржи „знак, односно лого на подносителот на листата“;
  • Член 31, кој ја обврзува ДИК да обезбеди „законита, точна и технички исправна подготовка на гласачките ливчиња“;
  • Член 8-а, кој гарантира еднаквост и фер услови за сите учесници во изборниот процес.

„Недостигот на логото го нарушува правото на нашата независна листа на еднакво претставување пред гласачите, создава забуна и го доведува во прашање фер и демократскиот карактер на изборите“, додаваат од „Независни“.

Слични Објави