„Низ стихови за татковината“ – чествување на 11 Октомври во Библиотеката „Борка Талески“
По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе одржи настан „Низ стихови за татковината“.
Настанот ќе се одржи во вторник, 07 октомври 2025 година, со почеток во 17:30 часот, во просториите на библиотеката.

Програмата ќе опфати:
- Историски осврт посветен на 11 Октомври од историчарот Горјан Василески,
- Читање на родољубива поезија од актерите Даниела Иваноска и Александар Тодески,
- Музички перформанс на Добрила Грашеска.
Настанот ќе го модерира Моника Талеска, библиотекар и новинар.



