| |

„Науката во функција на развој и одржливо производство на тутун“ (ВИДЕО)

Вчера во зградата на „Научен институт за тутун“ – Прилеп се одржа работилница во организација на институтот, по повик на Министерството за земјоделие. На работилницата учествуваа претставници на институтот, на тутунските компании и ученици од средното тутунско училиште од Прилеп.

Силвана Пашоска – Виш Научен сораборник на НИТ, им посака на сите инволвирани добредојде и го образлoжи концептот на оваа работилница со наслов „Науката во функција на развој и одржливо производството на тутун“

Директорката на НИТ Валентина Пеливаноска се осврна на тоа дека ваквите работилници се од исклучително значење, како би се мотивирале младите за да започнат со производство на тутун, затоа што недостатокот на работна сила се чувствува исто како и во секоја друга гранка во државава. Говореше и за предизвиците со кои се соочува земјоделието во Македонија.

Заменичката директорка на НИТ Марија Србиноска, ја истакна важноста на дијалогот како клучен фактор за обезбедување на економска и социјална стабилност и говореше за мисијата на институтот.

Слични Објави