Наставник осомничен за детска порнографија – истрага по дојава од Австралија

По координирана меѓународна акција и серија претреси на повеќе локации низ државата, надлежните институции во Северна Македонија отворија истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија.

31 годишен битолчанец вработен во образовна установа доби 30 дневен притовор поради сомнение за поседување и дистрибуција на материјали со детска порнографија.

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, кој е осомничен за поседување и дистрибуција на нелегална содржина со злоупотреба на деца. Станува збор за лице вработено како наставник во образовна установа. Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот наставник, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал ваков тип материјали.

Случајот е дел од поширока меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, иницирана од Австралиската федерална полиција. Во рамки на нивна операција биле откриени веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваква содржина, при што биле идентификувани корисници од повеќе земји, меѓу кои и од Северна Македонија.

Австралиските власти преку ИП адреси лоцирале корисници кои пристапувале до спорните платформи и за тоа ги известиле македонските институции, по што започнала координирана акција на Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Надлежните информираат дека истрагата продолжува и во други градови, вклучително и во Скопје, со цел целосно расчистување на сите случаи поврзани со оваа меѓународна мрежа.

Слични Објави