Напредок преку соработка
Прилеп, Битола, Демир Хисар, Новаци се општините од Пелагонискиот Плански Регион кои во последните 18 месеци ги зголемија своите административни капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор, во рамките на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На настанот ,,Напредок преку соработка” им беа доделени сертификати на градоначалниците од страна на директорот Бардул Марку, кој исто така ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините, нагласувајќи дека во изминатите 18 месеци со поддршка од Проектот на УСАИД, партнер општините, ги зголемија своите административни капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор.

Преку овој проект, општина Битола, меѓудругото, со ангажираност на сопствените човечки ресурси изготви Стратегија за локален економски развој, Урбана ревизија, Процедура за внатрешна комуникација, воведе зголемена транспарентност во буџетското планирање, преку организација на буџетски форуми, како и други активности кои ја зголемуваат ефективноста и ефикасноста на администрацијата.

„Општина Прилеп како партнер-општина доби сертификат за нашата посветеност во реализирањето на техничката поддршка од Проектот, за постигнатите резултати во зголемувањето на приходи од сопствени извори на финансирање, подобрениот пристап до надворешни извори за финансирање, како и зголемувањето на нивото на извршување на буџетот на општината.
Продолжуваме да работиме посветено и да ги искористуваме сите можни ресурси и капацитети за унапредување на општина Прилеп.“ истакакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески