100 години од раѓањето на авторот на „Могилата на непобедените“
По повод 100-годишнината од раѓањето на познатиот архитект Богдан Богдановиќ, авторот на спомен-комплексот „Могилата на непобедените“, Националната установа Завод и музеј – Прилеп организира изложба со наслов „Вечито“.
Отворањето на изложбата ќе се одржи на 9 октомври 2025 година (четврток) во 14 часот, во Фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Настанот има за цел да потсети на значењето и визионерското творештво на Богдановиќ, кој со својата архитектура остави длабок белег во културното наследство на поранешна Југославија, а особено во Прилеп со еден од најпрепознатливите споменици на НОБ.
Од НУ„Завод и Музеј“ – Прилеп. упатуваат покана до јавноста, љубителите на архитектурата и културното наследство да присуствуваат на отворањето и да оддадат почит на делото на големиот уметник.



