|

Амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја во посета на Прилеп и Музејот за Тутун

Денес во Прилеп беше Н.Е. Амбасадорот на Јапонија во Македонија, господинот Оцука Казуја.

Амбасадор оствари средба со градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на советот Дејан Проданоски и претставници од општина Прилеп, на која му беа претставени природните богатства можностите за туристичките и стопанските потенцијали и за тоа каде би можеле да се оствари идна соработка.

Н.Е. Амбасадорот на Јапонија во Македонија, господинот Оцука Казуја ја посети изложбата „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYO-E во Центарот за култура Марко Цепенков.

„За нас претставува огромна чест што имаме поставка на ваква импресивна изложба во нашиот град, и што можеме одблиску да се запознаме со јапонската уметност, која навистина е врвна и припаѓа во редот на светско културно наследство. Прилеп како град на културата, отсекогаш знаел да ги цени и почитува културните вредности кои го збогатуваат духот и создаваат взаемна конекција со останатите култури и со уметноста, особено онаа која е инспирирана од убавината на животот, како што е прикажана токму, на оваа изложба.“ истакна градоначалникот Јовчески

Исто го посетија и Музејот на тутун во Прилеп, кој што претставува Музеј на приказни и од огромно значење за Прилеп, и е втор по големина и значење во Европа.

Слични Објави