УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИTE ВО НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ – основа за локалната демократија
Денес во ресторан Дион во Прилеп, здружението на земјоделци Агромаџо ја реализира работилницата со наслов „УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИTE ВО НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ„
На работилницата, учесниците од општините од Пелагонискиот Плански Регион имаа можност да се запознаат со темите а воедно и да дискутираат за,
- Граѓанско учество – демократско и децентрализирано општество Правна основа за граѓанско учество.
- Начини на непосредно граѓанско учество Граѓанска иницијатива, Собири на граѓаните Референдум.
- Начини на непосредно граѓанско учество Претставки и предлози, Јавни трибини, анкети и предлози.
- Техники на граѓанско учество во државата и во странство Советодавни групи на граѓани (СГГ) Стратешко планирање во општините, Партиципативно буџетирање, Општествен мониторинг Јавни – приватни партнерства
Организаторите на настанот истакнаа дека „Учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки е од суштинско значење за локалната демократија. Овој елемент доведува до зголемена транспарентност но воедно и прави локалните владини функционери да бидат поодговорни во донесувањето на одлуките.“
Работилницата беше организирана од страна на Здружението на земјоделци Агромаџо како дел од проектот ,, Вклученост на руралното население во процесите на донесување на одлуки на локално ниво – основа за градење на демократско и децентрализирано општество”, кој се имплементира со финансиска поддршка на ЕУ во рамките на програмата ,,Техничка поддршка на овозможувачка средина за граѓанските организации на Република Северна Македонија’’. спроведувана од конзорциумот предводен од CRM.